Постојат стотици интересни варијанти како да ги бојадисаме јајцата за Велигден, но многу од тие техники се сложени и бараат премногу време и труд. Затоа, ви предлагаме еден многу лесен и оригинален начин.

Најлесната техника за Велигденски јајца со раскошен изглед

Земете соодветни салфетки по ваш избор и отстранете ги нивните слоеви кои се без шара. Оставете го само оној слој на кој се наоѓа декорацијата.

Следно, многу внимателно одделете, односно скинете ги оние делови од декорацијата кои сте ги избрале за самиот дизајн на јајцата.

Корисен совет: Изберете украсни салфетки со впчеатливи птици, пеперутки, цветови или интересни шари.

Земете го свареното јајце и одзогра нанесете го искинатиот дел од салфетката. Потопете ја четката во белка и премачкајте врз салфетката.

На овој лесен начин украсете го целото јајце. Доколку останат празни делови, пополнете ги повторно со парчиња од салфетката и премачкајте со белка.

Кога белката ќе се исуши, крајниот резултат ќе биде и повеќе од извонреден! На овој начин, за многу кратко време ќе ги украсите вашите велигденски јајца на оригинален начин!