Ана Кирјанова е позната како една од најдобрите психолози во Русија. Кирјанова е позната и како ТВ-презентер и како автор на книги, написи, па дури и на сопствена поезија. Сега таа открива како изгледа мажот кој не ја сака неговата сопруга, девојка, односно партнерка.

Според неа, ако не комуницирате често, не се смеете или едноставно не уживате во гушкање и бакнување со вашиот партнер, тогаш тој човек едноставно не ве сака. Ако мажот не ве прегрнува често, не ви зборува за ситници, не ви се јавува во текот на денот за да провери како сте, тогаш истиот според Кирјанова, нема многу големи чувства кон вас.

Ако не можете да сметате на неговата помош, тогаш не ви е ни потребен таков човек. Кога треба да се грижите за него како да е петгодишно дете и кога тој не ве забележува вас, вашата работа и вашиот живот, тој тогаш не ве сака. Ако ви вели дека јадете многу или сè што правите му пречи на некој начин тој не ве сака.

Важно е да се обрати внимание на овие работи затоа што жената која живее со маж кој не ја сака не може дури и да „цвета“. Изгледот и карактерот на жената исклучително зависи од тоа како другите се однесуваат кон неа. Од љубезни зборови, ние блескаме и изгледаме помлади. Жените се покревки и од самата прегратка,а од бакнежи стануваат поубави и пољубезни.

Со возрасна жена, секогаш можете да откриете каков е нејзиниот сопруг т.е како се однесува кон неа.. Тоа покажува колку нејзиниот маж ја сака. А, мажите можат да изберат каква жена сакаат да видат покрај нив: Убавица или чудовиште. Жените на кои никој не им зборува убави зборови стареат со голема брзина.

Потребно е да живеете во љубов и хармонија. Мажот кој ве сака, секогаш треба да ве цени и разбира и се подразбира, да ве прифати такви какви што сте.  Во љубовта постои само еден успех- да сакате и да бидете сакани. Ако партнерот постојано се обидува да ви ја намали самодовербата, ве прави да се чувствувате лошо, а сепак тврди дека ве сака, според Кирјанова, тоа е апсолутна лага! Кога жената е вистински сакана и кога се однесуваат со неа со добро, таа едноставно блеска!