Денес ви претставуваме неверојатно ефикасен метод за суво чистење, кој е соодветен за било каков тип на ќилим, во вашиот дом. Доколку сакате да го исчистите ќилимот, без да го навлажнувате и без да користите хемикалии, ова е соврешното решение.

Едноставно потребно е да употребите сол и сода бикарбона во еднаков соодонос, во онолку количество колку што ви е потребно за вашиот ќилим. Добиената смеса со добро триење нанесете ја врз истиот, а тоа може да го направите со раце или користење четка. Оставете ја смесата да дејствува 30 минути, а потоа внимателно отстранете ја од ќилимот со помош на вашата правосмукалка.

Со сигурност ќе се изненадите од самиот резултат!