54-годишната Керолин Чениер, која живее во Лондон, е тренер за животен стил и бизнис. На нејзината возраст изгледа неверојатно и сега ни открива како го одржува нејзиниот младолик изглед.

По 20-годишна кариера како експерт во технологијата, сега Керолин се занимава со обучување и давање на нејзините клиенти совети за животниот стил, како и нивниот бизнис.

За нејзиниот изглед, често велат дека изгледа како да го открила еликсирот на младоста, еве кои се нејзините животни навики:

1. Домашна рутина за нега на косата

“Секогаш имав долга коса и таа завзема голем дел од мојот изглед. Но, потребни се 2 часа за нејзино миење и сушење, па ја навикнав да ја средувам на секои 2 недели.”– вели Керолин, која порано секоја недела одела на фризер, но веќе таа навика станала прескапа за нејзиниот буџет.

“Сега косата си ја средувам сама дома. Користам шампон од арганово масло, а потоа наместо регенератор, нанесувам маска.”– додава Керолин за нејзината нега на коса.

2. Романтичното состанување ја прави помлада

“Никогаш не излегувм со мажи постари од 35 години. Интересно ми е што никогаш од прва не можат да ја погодат мојата вистинска возраст”- вели Керолин, која потенцијалните партнери ги запознава преку социјалните мрежи или сајтови за запознавање. За своите врсници вели дек ги одбегнува, бидејќи тие едноствно прифаќаат дека се стари и воопшто не се интересни. Додека пак, со младите мажи секогаш можат да бидат во чекор со нејзиниот животен стил.

3. Пауза од 1 година

“Во 2017-та година, отидов на своја екскурзија низ Јужна Африка и таму останав 3 месеци. Ми стана досаден животот и мојата кариера и ми беше потребно ова патување.” – вели Керолин, која смета дека на ова патување си ја вратила моќта врз животот и ги советува и останатите да направат ваква пауза.

4. Здрав животен стил

“Мразам кога луѓето покрај своите години, туку така ја прифаќаат и својата тежина. Но, не и јас!”- вели Керолин која активно се занимава со фитнес и постојано ја следи својата тежина.

5. Утринска рутина

Керолин секое утро станува во 5 часот и на лист хартија запишува се што сака да направи истиот ден, а потоа применува мала утринска гимнастика за да го активира своето тело.