Турските актери се вистински ѕвезди, не само во нивната родна земја, туку во цел свет, благодарение на хит сериите во кои играат, тие себеси може да си овозможат вистински кралски живот.

Една меѓу најомилените турски актерки е прекрасната Берен Саат, а сега истата на фановите по првпат им откри како изгледа нејзиниот извонреден дом на брегот на Црното Море во Истанбул.

Таа своето време го поминува во Истанбул и Мајами, а притоа постојано споделува фотографии на Инстаграм од своето секојдневие. Сега на фановите им дозволи да ѕирнат како изгледа внатре имотот во Турција.

За разлика од повеќето ѕвезди, Берен претпочита нејзиниот дом да изгледа уникатно, во ретро стил со стар мебел и предмети кои актерката ги има донесено  од цел свет, од Африка, Азија, Америка.