Многумина кои имаат зеленчукови градини или пак засадуваат одреден зеленчук во дворот, на крај од целиот овој труд имаат вкусни плодови, за кои знаат дека не биле обработени со хемикалии.

Денес ви откриваме како да се погрижите за краставиците, кои се омилени на речиси секој, на најдобар можен начин со цел тие да бидат здрави, да имаат стебла и цветови со богата зелена боја без жолти и црвени дамки и да ги заштитите од опасните штетници.

Домашно средство за ефикасно потхранување на краставици

Во кофа со вода потопете еден леб, претходно исечен на парчиња и поставете го да отстои 24 часа на топло место.

Следно, додадете јод кон накиснатиот леб и измешајте со дрвена прачка или нешто друго, но не со раце. Оставете ја смесата да отстои таа неколку часа.

Складирајте го средството на ладно место, како подрум. Потоа, во кофа со вода додадете 1 литар од горната домашна инфузија, измешајте и внимателно обработете ги листовите и стеблата на краставицата.

Оваа домашна смеса е многу активна, па така следното потхранување на краставиците со истата треба да се направи не порано од 2 недели по првата употреба.