Сопственичката на успешен бизнис, Луси Арнолд била контактирана од едно училиште за да одржи мотивационен говор со кој ќе ги инспирира тамошните ученици. Но, во последен момент предавањето било откажано, а еве и зошто.

Луси била “откриена” од една професорка која бил импресионирана од нејзината успешност, при што Луси сама го менаџирала сопствениот бренд за секојдневна облека “Луси Локет Лавс” и професорката помислила дека таа би можела да послужи како инспирација и мотивација на преостанатите ученици.

Но, сега 28-годишната бизнисменка открива дека училиштето кое претходно по сопствена иницијатива ја побарало за одржи предавање во рамките на еден од нивните мотивациони часови, сега го откажало нејзиниот настап поради една апсурдна причина.

Откако по пат на мејл ја прашале како да ја претстават пред учениците и која универзитетска насока ја завршила, Луси одговорила:

“Никогаш всушност не отидов на факултет, па затоа немам диплома. Дали тоа би претставувало проблем?”

Три дена не добила никаков одговор, а веќе четвриот ден и стасал мејл во кој пишувало:

“Здраво Луси. Жал ни е да те информираме, но нашиот одбор смета дека учениците нема да имаат никаква корист од некој што никогаш не бил на факултет и нема диплома, бидејќи твојот говор на ниеден начин нема да ги поттикне учениците да размислуваат за нивната иднина и образованието”– стоело во официјалното известување.

Откако откриле дека Луси никогаш не била на факултет, училиштето кое не сака да го именува, сметало дека нејзното предавање не би било корисно за учениците, односно не би било толку вредно.

Луси истовремено открива дека поинтересно е тоа што самата професорка била шокирана и не и било јасно како Луси успеала во модната индустрија, а притоа немала диплома.

Успешната девојка целата приказна ја објавила на социјалните мрежи каде што добила огромна поддршка и бројни позитивни коментари од илјадници луѓе кои и велеле да не дозволи некои безвредни луѓе да и го уништат животот и сонот.