Без сомнеж, домашните производи се многу подобри и поздрави од купечките, бидејќи не се токсични и не содржат хемикалии, а токму ова е главно на што треба да обратме внимание кога бираме производ за косата.

За таа цел, денес ви го претставуваме најдоброто ефикасно решение. Станува збор за домашен шампон од мед. По неговата употреба, нема да ви биде потребно нанесување на балсам, бидејќи шампонот на ниту еден начин нема да ја оштети косата.

Придобивки од медениот шампон

  • Лесно киселиот состав на медот ја балансира текстурата на скалпот и успешно се бори против првутот.
  • Помага за лекување на бактериски и габични проблеми на скалпот.
  • Косата ќе стане помалку масна и помека.
  • Ќе можете да ја миете косата поретко, дури на секои 4 дена.

Меден шампон

Потребни состојки

  • Мед
  • Вода
  • Неколку капки етерично масло (по избор)

Начин на подготовка и употреба

Измешајте 1 супена лажица суров мед со 3 супени лажици вода. Доколку имате етерично масло, кон добиената смеса додадете 2-3 капки од истото.

Сега, откако шампонот е готов, нанесете неколку капки од него врз мокар скалп. Не се грижете за косата, едноставно нанесете го само врз скалпот и потоа добро исплакнете.

Нема потреба шампонот да го складирате, бидејќи секогаш може да го приготвите свеж, пред вашето капење.