Оваа мајка навистина знае како да ја расипе забавата!

Сите родители знаат дека роденденските забави на нивните најмили можат да чинат малку повеќе, особено кога во предвид би се земала локацијата и декорациите по повод истиот.

Но, една жена споделила како една нејзина пријателка отишла малку подалеку со подготовките за роденденот на нејзиното дете.

Имено, пријателката барала од секој родител, односно од нивните деца, да си платат влез по цена од 17 евра (1000 денари), за роденденот на нејзината мала ќерка.

Со оваа нејзина одлука, мајката ги разбеснила останатите родители, а воедно жената која го објавила сето тоа, била таа која морала да се соочи со нерационалната пријателка.

„Таа навистина е мила и драга личност. Но, секоја година им наплаќа на луѓето влез за роденденската забава на нејзината ќерка. На сите нам ни пристигнува мејл како покана, а во поканата секогаш е напишано дека треба да дадеме по 17 евра, за да ги покриеме трошоците за нашите деца.“– вели пријателката на мајката.

Робин Абрахамс, тетката на славеничката, вели:

„Треба некој да ù каже дека тоа што го прави воопшто не е во ред. Знам дека ако ù кажеме, ќе стане параноична, но мора да го направиме, ако не друго, поради малото девојче, пред да сфати каква бесрамничка е нејзината мајка.“

Како пријателката и тетката, така и останатите родители биле бесни на одлуката на мајката и прашувале зошто би правела такво нешто, кога тие биле во добра финансиска состојба.

На роденденот, при влезот, стоела кошница или кутија, каде што гостите требало да ги оставаат своите „донации“.