Јапонскиот град Кјото, сместен на островот Хоншу, е добро познат по неговата историска убавина, импресивниот број на храмови, извонредни градини и совршено зачувани традиционални јапонски куќи.

Традиционалните куќи во јапонски стил, познати како „мачија“, на Кјото му го даваат уникатниот и посебен шарм.

И додека пред неколку години, туристите кои доаѓаа во овој јапонски град, сонуваа да влезат во една од тие традиционални куќи, сега ќе имаат можност тоа да го искусат на неверојатен начин.

Се што ќе им биде потребно на посетителите е карта за возење на „Kyotrain Garaku“, воз чија внатрешност е уредена по стилот на „мачија“ традиционалните куќи.

Еве како изгледа целото магично искуство како резултат на ентериерот инспириран од јапонските куќи: