Фотографијата од необичниот начин на запросување дефинитивно не ги воодушеви Интернет корисниците.

Еден земјоделец наводно ја запросил својата девојка, така што свршеничкиот прстен го ставил најпрво на вимето на една од неговите крави. Но, неговиот романтичен гест е етикетиран како „одвратен“.

Фотографијата беше објавена од една жена од Сингапур, а истата ја сподели во Фејсбук група во која идните невести самите го критикуваат изборот на свршенички прстен што го направил нивниот партнер, а избор кој воопшто не им се допаднал.

Овој пат, наместо прстеност, критикуван беше и начинот на кој земјоделецот ја запросил својата партнерка.

За многу краток временски период, лавина од коментари шокирани и збунети корисници се најдоа под фотографијата.

Во оригиналниот опис на фотографијата, жената која се претпоставува дека е запросената девојка има напишано:  „Го исмејувам и прстенот и целата фотосесија. Човекот е земјоделец, но тоа не го оправдува неговиот лош вкус. Дали тоа е прстен за брадавици? Ако моите очи се принудени да го гледаат ова, тогаш и останатите ги повлекувам надолу со мене“

„Многу одвратно“, „Навистина грозно“, „Ова е најлошто нешто кое сум го видел во мојот живот.“- беа само дел од коментарите.

Што мислите вие? Како вам ви се допаѓа необичниот предлог за брак?