Неверојатната приказна доаѓа од Њујорк, а станува збор за Трејси Парк, која заедно со сопругот имала само едно дете.

Пред 10 години, Трејси и нејзиниот сопруг Питер, решиле нивниот брак да го крунисаат со дете. Без проблеми, Трејси веднаш забременила и 9 месеци подоцна, тие станале горди родители на малиот Хантер. По раѓањето на нивното дете, тие покрај на домот, се посветиле и на нивните кариери, при што долго време не размислувале за проширување на семејството.

Кога и двајцата веќе дошле до 40-та година од нивниот живот,  парот одлучил дека убаво би било да имаат второ дете, додека не станало премногу доцна.

По одлуката, Трејси 1 година се обидувала да зачне, но сите обиди завршувале неуспешно, а лекарите им соопштиле дека единствениот начин тие повторно да станат родители е Трејси да биде подложена на вештачко оплодување т.е ин-витро.

Парот ги послушал лекарските совети, но откако започнале со процедуарата, сите 4 обиди повторно завршиле со голем неуспех.

Но, бидејќи желбата за второ дете била преголема, Трејси решила да ги употреби услугите на сурогат мајка. Кога сите формалности биле завршени и сурогат-мајката забременила, Трејси во истиот момент открила дека и таа е бремена, односно се покажало дека последната процедура од вештачкото оплодување била успешна. Девет месеци подоцна, Трејси ја родила ќерката Харлоу, а сурогат-мајката им подарила живот на близнаците Пајпер и Пресли.

Бидејќи наеднаш семејството значително се проширило, парот се преселил во поголема куќа. А само неколку месеци подоцна, Трејси дознала дека повторно е бремена. Без да го планираат, младата Американка успеала да зачне по природен пат.

Поради одредени компликации што настанале, Трејси била принудена да се породи во 29-та недела, по пат на царски рез.

Тогаш големото семејство му посака добредојде и на малиот Дилан, кој, кога се родил тежел едвај килограм и половина, но брзо успеал да прерасне во здраво и силно момче.

Така, за само 13 месеци, скромната желба на парот повторно да бидат родители прераснала во неверојатна и уникатна приказна и многу мали слатки членови на семејството!