Уникатен подаркок за Валентајн: сопругата му ги испринтала сите фотографии од девојки што ги „лајкнал“ на Инстаграм

Сопруга е прогласена како „Кралицата на ситничарките“ откако на својот сопруг му подари испринтани  фотографии од сите жени што ги лајкнал на Инстаграм за Денот на вљубените.

Корисникот на ТикТок, Глорија, за кој се верува дека е од САД, собра повеќе од 4,4 милиони прегледи на нејзиното „смешно“ видео.

“Што да му подарите вашиот маж за Денот на Вљубените?” – е насловот на видеото кое го освои интернетот.

„Бидејќи сите споделуваат што купиле за нивните партнери за Денот на вљубените, мислев и јас споделам“, вели таа.

„Јас ја купив оваа симпатична мала кутија и ја наполнив со слики од сите девојки што му се допаѓаа на Инстаграм. Се надевам дека ќе му се допаѓа“!  додава таа.

Фотографиите ги залепи на мали дрвени стапчиња  кои се заглавени во стиропор за да се прикаже мини ѕид на срамот за нејзиниот сопруг.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *