Томас Дамбо е уметник од Данска, кој се забавува и прави мали и масивни проекти од ѓубрето на луѓето. Според него ѓубрето се претставува како нешто што не треба да се допира, а луѓето чија што работа е да го исчистат се сметаат за валкани и нечисти и поради тоа во светот постајано се зголемува бројот на отпадот, а се намалуваат работници во оваа професија. Тој како уметник сакал да докаже дека и од ѓубре можат да се создадат прекрасни работи.

Тој со помош на ѓубреџиите во Мексико Сити, нивните деца, повеќе од 700 студенти, деца од дом за сираци, луѓе од дом за стари лица и уште 100 доброволци, успеале да претворат 3 тони пластичен отпад во 500м2 шарена шума исполнета со илјадници цвеќиња, дрвја и животни.

„Ни требаа 8 недели да го собереме ѓубрето и да ја изградиме шумата, која сега е изложена во ботаничката градина Чапултепец каде што може да се најде во следните неколку месеци. Заминав на друг проект, но локалната организација FYJA, која помогна да го реализирам мојот сон за шума направена исклучиво од пластичен отпад, прави работилници каде што редовно доаѓаат нови деца и градат нови цвеќиња, растенија и животни. На овој начин шумата ќе продолжи да расте и пораката ќе се шири уште повеќе.“, вели Томас.