Летото е сезона која бара да се консумираат полесни јадења, бидејќи е потопло. Но, една мека тутманик погача, полна со сирење, едноставно е невозможно, а да не ја вкусиш, па дури и во горештините.

Подготовката на овој специјалитет е подеднакво лесна како неговиот вкус.

Мерите се во шолја, го формирате тестото и готово! Во продолжение рецептот за мекиот тутманик.

Тутманик погача 3:1

Потребни состојки

  • 1 шолја брашно
  • 1 шолја рендано сирење
  • 1 шолја кисело млеко
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • Брашно- колку што ви е потребно за месењето
  • Масло за готвење

Начин на подготовка

Пресејте го брашното, додадете го ренданото сирење и добро измешајте ги состојките. Во киселото млеко додадете ја содата, измешајте и кога ќе замириса, додадете го во смесата со брашното и сирењето.

Користејќи шпатула, мешајте ги состојките до соединување во една смеса. Со остатокот од брашното, при месењето полека додавајте во тестото, сè додека не почувствувате дека истото веќе не се лепи по вашите прсти.

Од тестото формирајте топчиња, во големина на едно јајце, а потоа со лесно притискање, на едно по едно од топчињата, нанесување маслото за готвење од сите страни.

Топчињата ставете ги во сад за печење со дијаметар 20 цм.

Оставете ја тутманик погачата прво да отстои не помалку од 30 минути, а потоа ставете ја да се пече на загреана рерна од 180°C.

Печете сè додека тестото не добие кафеаво-златна боја. Со дрвено стапче проверете дали е испечена и од внатре- стапчето треба да излезе суво.