Денес ви претставуваме еден неверојатно вкусен и докажан рецепт за туршија познат како „100-те пиперки“. Маринираните пиперки се приготвуваат многу лесно, а нивниот фантастичен вкус не остава никого рамнодушен!

Туршија „100-те пиперки“

Денес ви претставуваме еден неверојатно вкусен и докажан рецепт за туршија познат како „100-те пиперки“. Маринираните пиперки се приготвуваат многу лесно, а нивниот фантастичен вкус не остава никого рамнодушен!
Вкупно време3 часа
Оброк: Прилог
Кујна: Турска
Клучни зборови: пиперки, туршија
Порции: 4

Состојки

  • 10 кг средни сурови црвени пиперки (околу 100 броја)
  • 10 средно големи моркови
  • 4-5 излупени чешниња лук
  • 100 гр сол
  • 150 гр шеќер
  • 350 мл масло за готвење
  • 200 мл оцет
  • Голем страк магдонос

Начин на подготовка

  • Добро прочистете ги пиперките од семињата и испечете ги. Потоа поставете ги во голем сад со капак или во најлонска ќеса, со цел да се задушат, а потоа излупете ги.
  • Додадете ги излупените пиперки во длабок сад (тенџере) иисто така додадете ги излупениот лук, солта и шеќерот, исечените на круги счистени моркови, маслото за готвење, оцетот и ситно исечениот магдонос. Внимателно измешајте и покријте го садот со капак или фолија.
  • Поставете го садот во ладилникот на 3 часа, а во текот на тоа време, 2-3 пати измешајте ги состојките.
  • Следно, поставете ги пиперките во тегли, а меѓу нив додадете моркови и лук. Наполнете ги теглите до самиот раб со пиперки и додадете го остатокот од маринадата. Затворете со соодветни капачиња и стерелизирајте 10 минути по зовирањето на водата.