Следниот десерт важи за најсочниот чоколаден избор со кој никогаш нема да погрешите! Се приготвува неверојатно лесно, едноставно ги мешате сите состојки заедно, поставувате да се пече и на крај полевате со чоколаден сируп!

Црна дама - Најсочниот чоколаден десерт

Следниот десерт важи за најсочниот чоколаден избор со кој никогаш нема да погрешите! Се приготвува неверојатно лесно, едноставно ги мешате сите состојки заедно, поставувате да се пече и на крај полевате со чоколаден сируп!
Вкупно време2 часа
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: чоколаден колач, чоколаден десерт
Порции: 4

Состојки

  • 500 мл кисело млеко
  • 100 мл масло за готвење
  • 250 гр шеќер
  • 300 гр брашно
  • 2 кафени лажици сода бикарбона
  • 2 супени лажици какао
  • 1 сад за печење со димензии 22х30 цм
  • За премачкување масло за готвење

За сосот

  • 150 мл пресно млеко
  • 200 гр путер / маргарин
  • 150 гр шеќер
  • 100 гр чоколадо

За декорација

  • 200 гр изматена павлака
  • 200 мл ладно млеко

Начин на подготовка

  • Во длабок сад, додадете половина литар кисело млеко на собна температура, 100 мл масло за готвење и 250 гр шеќер, а потоа добро измешајте ги состојките. Мешајте додека шеќерот да се растопи.
  • Следно, постепено додадете го брашното, додека непрекинато мешате со маталка. Додадете 2 кафени лажици сода бикарбона и 2 супени лажици какао во прав.
  • Добро премачкајте го садот за печење со путер или маргарин, а потоа во истиот исипете ја претходно добиената смеса. Истата добро распределете ја, а потоа поставете ја да се пече 40 минути во претходно загреана рерна на 180°C. На крај оставете го испечениот колач да се излади.

За сосот

  • Во тенџере поставено на оган, додадете 150 мл млеко, 200 гр путер, 150 гр шеќер и 100 гр чоколадо. Загрејте на слаб оган, додека сите состојки да се стопат и да се добие соединета смеса. Исклучете го оганот веднаш штом смесата ќе зоврие. Полејте го рамномерно колачот со сосот и оставете го на страна, за да се впие целосно.
  • Во меѓувреме изматете ја павлаката со студено млеко. Исечете го колачот на коцки и украсете ја секоја коцка со декоративната павлака.