Станува збор за фикусот, кое го нарекуваат за растение-чудо, а во продолжение погледнете и зошто е тоа така. Фикусот се смета за растение со неверојатна позитивна и корисна енергија. Тоа создава совршена семејна атмосфера во домот, при што носи спокојство, мир и среќа.

Фикусот ги апсорбира негативните емоции и лесно помага при домашните проблеми, а покрај тоа неговата моќ за привлекување среќа и богатство, еве зошто фикусот се смета и за чудо во медицината.

Лековити својства на фикусот

Фикусот се користи како чудесно средство против кашлица и настинка. Спиртната инфузија од неговите листови се користи за ефикасно лекување на ревматизам, артитис и артроза.

Облога од фикус против кашлица

Потребни состојки

  • 1 лист фикус
  • 1 кафена лажица мед
  • 2 чаши вода

Начин на подготовка и употреба

Поставете ја водата да зоврие, а потоа додадете го и листот од фикусот во истата и оставете ја смесата така да се вари 3 минути. Врз сварениот лист поставете мед, а така приготвениот лист од фикус поставете го на вашите гради и завиткајте го местото со топла крпа.

Оставете ја лековитата облога да дејствува до следното утро. Практикувајте го овој домашен третман до ваше целосно лекување.