Традиционалниот рецепт од Кавказ за уникатни и превкусни крофни, на крај обвиткани во шеќер во прав, го освои срцето на гурманите ширум светот!

Клучниот детал во рецептот е растопениот путер, кој се додава на крај од постапката, а притоа вкусните крофни остануваат меки и сочни и следниот ден.

Крофни со уникатна форма по традиционален рецепт од Кавказ

Потребни состојки

  • 250 гр пченично брашно
  • 50 гр шеќер
  • 1 прстофат сол
  • 4 жолчки
  • 1 супена лажица ракија
  • 1 супена лажица кисела павалка
  • 1 кафена лажица квасец
  • 50 мл млеко
  • 50 гр путер
  • Сончогледово масло и шеќер во прав, во количество по ваш вкус

Начин на подготовка

Растворете го квасецот со прстофат шеќер во топло млеко. Поставете го брашното, преостанатиот шеќер и сол во еден сад. Следно додадете ги жолчките, квасецот, ракијата и киселата павлката. Замесете го тестото. Во моментот на месење, додадете го растопеното масло. Покријте го садот со тестото и оставете го да отстои 30 минути.

Свиткајте го тестото, направете го на слој со дебелина од 0,5 милиметри и исечете го на правоаголници. Направете засек во центарот на секој правоаголник и низ истиот протнете го работ на тестото.

Во длабок сад, затоплете доволно количество на масло за готвење. Поставете ги крофните да се пржат, до добивање на потребната златна боја. Откако ќе бидат готови, извадете ги и поставете ги на хартија, за да се апсорбира вишокот на маснотија. На крај одозгора нанесете шеќер во прав.

Пријатен апетит!