Мајка ги критикуваше декорациите на тортите на една слаткарница, бидејќи предизвикуваат полова дискриминација, а еве и зошто!

Луис Дилон од Ворвикшир, Англија, преку нејзиниот профил на социјалната мрежа Твитер, упати критика до слаткарницата Вејтроуз, велејќи дека истата треба да изработува торти чии декорации нема да бидат дискриминаторски настроени кон половите.

“Драг Вејтроуз, навистина ли? Розеви торти со принцези и замоци, колачиња во форма на чанти и шминки за девојчиња, а сини торти со пожарникари, инженери, пирати и сите видови спортови за момчиња.”- напиша Луис.

На крај од нејзиниот твит таа остро ја замоли слаткарницата “да се подобри” во својата работа и нејзиниот пост доби поддршка од илјадници родители кои го делеа нејзиниот став.

Покрај нејзините силни зборови, изреволтираната мајка постираше и фотографија од тортите, од официјалната страна на слаткарницата, на која беа прикажани роденденденски торти за девојчиња со еднорози, самовили и ѕвезди.

Дури и на нивната страна имаа оддел за торти за девојчиња кој изгледа вака:

Додека пак, одделот за роденденски торти за момчиња изгледа вака:

Момчињата  можат да избираат помеѓу различни професии и спортови.

“Сметам дека е важно нашите деца да бидат охрабрени слободно да ги сакаат нештата. Лудило е еднорози да бидат само за девојчињата, а спортот само за момчињата. Тоа значи дека ако девојчињата сакаат спорт, тоа не е за нив. А нема никаква рационална причина за тоа. Не сакам моите синови погрешно да бидат учени на работите.”– додаде Луис.

Слаткарницата наиде на бројни негативни коментари за рекламирање на розевите торти и десерти за девојчињата, додека пак спротско-обликуваните торти беа резервирани за момчињата.

Многумина го искажаа истиот револт, велејќи дека и нивните ќерки и внуки сакаат торти со пирати и спортски мотиви и додадоа дека слаткарницата треба да изработува детски торти кои ги опфаќаат сите деца, без разлика на полот, а не торти само за девојчињата и торти само за момчињата.

После бројните критики, слаткарницата се извини и изјави дека нивните торти се направени за сечие задоволство.

А да се потсетиме како една компанија на генијален начин се бори ваквата дискриминација.