Денес за вас подготвиме еден уникатен рецепт кој најмногу ќе ги воодушеви љубителите на алвата. Еве како уште денес да ги изненадите вашите најблиски со оваа кралска торта!

Торта со алва

Денес за вас подготвиме еден уникатен рецепт кој најмногу ќе ги воодушеви љубителите на алвата. Еве како уште денес да ги изненадите вашите најблиски со оваа кралска торта!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: Турска
Клучни зборови: баница со алва, торта со алва
Порции: 4

Состојки

  • 5 јајца
  • Половина килограм шеќер
  • 180 гр пченично брашно
  • 3 супени лажици какао во прав
  • 1 кафена лажица пециво
  • Прстофат сол
  • 400 гр алва
  • 2 ќеси пудинг од ванила
  • 700 мл пресно млеко
  • 250 гр путер

Начин на подготовка

  • Во сад измешајте ги пресеаното брашно, пецивото и какаото во прав. Одделете ги белките од жолчките, а потоа белките изматете ги со прстофат сол, до добивање на тврда пена. Исипете го и шеќерот, додека е намалена брзината на миксерот, а потоа додадете ги и жолчките. Продолжете да матите, додавајќи ја сувата смеса на делови.
  • Исипете го добиеното тесто врз хартија за печење, во соодветен сад, со размери околу 20 х 30 цм. Печете ја тортата 40 минути, на температура од 170°C.
  • Пригответе го млечниот пудинг според упатството на амбалажата. Изладете и додадете го на делови кон путерот, омекнат на собна температура. Додадете 300 гр ситно исечена алва кон филот и добро измешајте.
  • Исечете го пандишпанот на 3 еднакви делови. Секоја кора премачкајте ја со фил, а откако ќе ги склопите сите пандишпани, одозгора повторно премачкајте со фил и нанесете од алвата.