Дали сте под стрес? Наместо да се стрчате во најблиската слаткарница, пробајте нешто од нашава топ 10 листа за храна која го намалува стресот. Не постои храна која целосно може да ја избрише фрустрацијата, но стресот може значително да се намали со редовно вежбање и вклучување на некои од овие прехранбени производи во вашата секојдневна исхрана.

Авокадо и банана

Ова се две работи, знаеме, но што имаат заедничко овие овошја? Полни се со калиум, витален минерал за одржување на нормален крвен притисок.

10-antistres-hrani-01

Чај

Смирете ги истрошените нерви со вашиот омилен чај.

10-antistres-hrani-02

Блитва

Магнезиумот во блитвата и другите зелјести растенија помага во балансирање на кортизолот, хормон за стрес.

10-antistres-hrani-03

Масна риба

Масните омега 3 киселини во рибата како лосос, сардини и туна го регулираат нивото на адреналин помагајќи ви да бидете смирени.

10-antistres-hrani-04

Полнозрнести грицки

Кога ќе посакате да грицнете нешто, одберете полнозрнести грицки. Не само што тие ќе ве направат посити од растителните влакна, туку и јаглехидратите ќе ве снабдат со енергија и ќе го поттикнат мозот да лачи серотонин, супстанција за добро расположение.

10-antistres-hrani-05

Моркови

Грицкањето крцкава храна помага во смирувањето на нервите. Морковите кои се богати со хранливи материи, целерот и друг крцкав зеленчук, нудат крцкаво задоволство без да ве оптоваруваат со премногу калории. Држете се до немасното млеко ( 1% масленост), и пијте млеко пред спиење за мирен сон.

10-antistres-hrani-06

Млеко

Напијте се чаша млеко за да се снабдите со повеќе В витамини, белковини, витамин D и калциум кој е добар за коските, за да се ослободите од напнатоста во мускулите.

10-antistres-hrani-07

Јогурт

Следниот пат кога ќе се почувстувате под стрес, прескокнете го сладоледот и наместо тоа уживајте во некој прекрасен овошен јогурт.

10-antistres-hrani-08

Ореви

Стресот ве истоштува, што на болестите им ја остава вратата отворена. Оревите, ф`стаците, бадемите и другите јаткасти производи го снабдуваат вашиот имунитетски систем со витамини и цинк.

orev

Чоколада

Истражувањата покажуваат дека темната чоколада може да го намали нивото на хормони за стрес. Чоколадото исто така содржи шеќер (јагледхидрат), што поттикнува лачење на серотонин. Сепак, внимавајте на количеството.

10-antistres-hrani-10