19-годишната Роуз Дајсон им приредила вистински шок на своите родители, кога им соопштила дека донела одлука да не оди на факултет, како сите останати соученици.

Наместо факултетот, тинејџерката започнала сопствен бизнис како дел од нејзиниот училишен проект. Во бизнисот вложила само 23 евра, а сега експерите проценуваат дека заработката ќе ја надмине вредноста од 130.000 евра на годишно ниво.

Роуз била скроз одлична ученичка, но не сакала своето скапоцено време да го троши на факултет кој не го сака, туку решила сосема да се посвети на својот бизнис за лабела и да работи на него со полно работно време.

Роуз, која инаку доаѓа од Јужен Јоркшир, го започнала својот бизнис за убавина наречен „Pura Cosmetics“, кога при еден училишен бизнис натпревар се вклучила, продавајќи ги своите производи по цена од 23 евра.

По четри години, Роуз не само што успешно и беспрекорно раководи со сопствената компанија, туку веќе има добиено и бројни реномирани признанија од областа на претприемништвото.

„Тоа е она што го сакам, па затоа не го чувствувам како работа или обврска. Но, целиот пат до целта не беше без предизвици. Кога отидов на еден саем да ги претставам моите производи, многумина ме прашуваа чија сум ќерка и на кого е сето ова, без да сфатат дека јас сум сопственичката. Исто така, сакав во соработка со локална продавница да ги продавам моите производи, но ме одбија бидејќ имав 16 години. Но, кога им ги пратив примероците, веднаш ги побараа целите производи. Јас сум решителна и не дозволувам никој да ме спречи во остварувањето на моите соништа и цели“- вели Роуз.

На првиот работен Божиќ, заработила вкупно 45 евра, а потоа пазарот го проширила од 10 на 12 видови лабела.

Роуз е многу амбициозна и веќе планира како да го прошири својот бранд во светски рамки. „Сакам моите производи да ги видам на полиците во секоја продавница во светот“- додава младата генијалка.