Потопени во вкусен сос, а одозгоре покриени со златна кора од кашкавал, тиквичките приготвени на овој начин никого нема да остават рамнодушен, а дури и оние кои не ги сакале, сега ќе ги обожаваат!

Тиквички во бешамел сос

Потопени во вкусен сос, а одозгоре покриени со златна кора од кашкавал, тиквичките приготвени на овој начин никого нема да остават рамнодушен, а дури и оние кои не ги сакале, сега ќе ги обожаваат!
Вкупно време1 час 30 минути
Оброк: Главно јадење
Кујна: Медитеранска
Клучни зборови: тиквички, печени тиквички, бешамел сос
Порции: 4

Состојки

  • Половина кг тиквички
  • 300 гр домати
  • Половина кг свежи компири
  • 20 гр свеж копар
  • 150 гр кашкавал
  • 3-4 чешниња лук
  • По вкус сол и мелен црн пипер

За бешамел сос

  • 500 мл пресно млеко
  • 2-3 супени лажици брашно
  • 50 гр путер

Начин на подготовка

  • Најпрво пригответе го бешамел сосот. За таа цел, загрејте го путерот во тава, а потоа кон него додадете 2-3 лажици брашно и мешајте неколку минути, додека смесата да добие златна боја.
  • Следно, бавно започнете да го додавате пресното млеко, додека непрекинато мешате. Потребно е да се добие сос со средна густина. Пред да го исклучите оганот, додадете зачини по ваш вкус, свеж копар и лук.
  • Сега распоредете го јадењето на слоеви во сад за печење. Првиот слој е сосот, вториот – исечените парчиња компир премачкани со сос, третиот слој се исечените тиквички, исто така покриени со малку сос, а последниот слој се доматите.
  • Зеленчуците треба да бидат посолени, а може да додадете и мелен црн пипер по ваш вкус.
  • Загрејте ја рерната на 170°C и поставете го јадењето да се пече 1 час. Потоа извадете го садот, одозгора нанесете рендан кашкавал и вратете го јадењето во рерна, да се пече дополнителни 10-15 минути.