Вкусно, богато и диетално – извонредните тиквички со мелено месо се совршениот рецепт за летните денови и брзо решение за непланираните гости, со кои ќе ги воодушевите сите!

Тиквички со мелено месо во рерна

Вкусно, богато и диетално – извонредните тиквички со мелено месо се совршениот рецепт за летните денови и брзо решение за непланираните гости, со кои ќе ги воодушевите сите!
Вкупно време2 часа
Оброк: Главно јадење
Кујна: Медитеранска
Клучни зборови: мелено месо, тиквички, полнети тиквички
Порции: 4

Состојки

  • 3-4 тиквички
  • 600-700 гр мелено месо
  • 80 гр ориз
  • 1 глава кромид
  • Половина страк магдонос
  • Половина страк копар
  • 2 чешниња лук
  • Половина кафена лажица мелен црвен пипер
  • По вкус сол и мелен црн пипер
  • 100-150 гр кашкавал

За сосот

  • 300 гр кисела павлака
  • 1 кафена лажица кечап
  • 100-150 мл вода
  • По вкус сол и мелен црн пипер

Начин на подготовка

  • Сварете го оризот, а откако истиот ќе се излади, поставете го длабок сад. Кон оризот додадете го меленото месо, ситно исечениот кромид, исечените зачини и згмечениот лук.
  • Кон смесата додадете го и мелениот црвен пипер, солта и мелениот црн пипер, по ваш вкус и добро измешајте ги сите состојки заедно.
  • Следно, исплакнете ги тиквичките и исечете ги нивните краеви. Исечете ги тиквичките на малку подебели кругови. Поставете мелено месо во секој круг тиквичка и подредете ги круговите исправени во сад.
  • Исполнете ја на овој начин целата тиквичка, наизменично поставувајќи ги круговите и меленото месо, за да се добие форма на хармоника.
  • За сосот, едноставно измешајте ги сите тиквички, додадете сол и мелен црн пипер и добро измешајте. Полејте ги тиквичките со готовиот сос. Изрендајте го кашквалот и додадете го одозгора.
  • Вклучете ја рерната и кога ќе загрее на температура од 180°C, поставете го јадењето да се пече околу 1 час и 30минути. Истото може да го покриете со фолија, а на крај од печењето, да ја отстраните.