Ниту забавата денес очигледно не може да биде во границите на нормалата.

Светските организации за заштита на животните, вклучувајќи ја и ПЕТА, беа згорзени откако на Интернет се појави видео од аркадна машина која користи вистински живи кученца.

Ваквите аркадни машини служат за забава, при што на оние кои се ставиле монета, железната рака, автоматски избира од плишените играчки и една му доделува на играчот.

Но, оваа машина за забава, всушност е машина од хоророт, бидејќи луѓето можат да „уживаат“ во вистинска крзнена награда, односно наместо вообичаните пластични или пластични играчки, се користат вистински кученца.

На видеото може да се забележи како беспомошните кученца во страв чекаат страшната железна рака да ги одбере нив и да ги извади од машината, како награда.

Експертите кои ја проучиле снимката, претпоставуваат дека истата е снимена во Јапонија или Кина, бидејќи минатата година, од овие азиски држави произлезе снимка од иста вакава арканда машина за забава, која користеше мачиња, наместо играчки.

Видеото со преплашените кученца предизвика лавина од осуди и негативни реакции.

„Кученцата не се играчки!“, „Дали тие се сериозни, вистински животни?“, „Бидете хумани кон нив!“, беа само едни од коментарите на разбеснетите корисници на социјалните мрежи.

На негативните реакции се придужи и ПЕТА, како и останатите организации за заштита на животните, кои го осудија видеото.