Според експертите за говорот на телото, истиот тој може да открие многу повеќе за личноста, отколку што мислиме. Токму во продолжение следува краток забавен тест со кој ќе ги проверите вашите познавања од оваа област.

Погледнете ја фотографијата внимателно и проценете: Која од овие жени лаже?

Ќе ви откриеме мала информација: Можеби не лаже само една жена.

Дали веќе сфативте која жена не ја зборува вистината? Следете ги знаците на нивниот говор на телото.

Под фотографијата пронајдете ги точните одговори!

Одговори:

Жена бр. 1

Многу мала е веројатноста оваа жена да ве лаже. Тоа што нејзините дланки се поставени во отворена положба, укажува дека таа личност има желба да биде отворена и искрена во комуникацијата.

Жена бр. 2

Оваа убавица е многу сомнителна. Погледнете ја повнимателно: Го допира своето уво, што значи дека е подготовена да ви го одвлече вниманието и да ги сокрие деталите од нејзината приказна. Таа дури можеби и ќе се обиде и да ве измами!

Жена бр. 3

Оваа дама е посебно заинтересирана за разговорот. Слуша внимателно и критички е настроена кон секој ваш збор, а токму тоа го открива допирањето на нејзината брада. Оваа дама повеќе се сомнева во вашата искреност.

Жена бр. 4

Во овој случај, станува збор за вистински лажливец. Експертите за говор на телото сметаат дека кој некој ќе ја покрие својата уста со дланката, тоа значи дека таа личност крие нешто или не ја кажува вистината.

И така, ги пронајдовме дамите кои не се искрени: Бр. 2 и бр.4. Дали тоа беше и вашиот одговор?