Секој од нас има различна дефиниција за тоа што е љубовта, но сите сме едногласни дека тоа е најпрекрасното чувство што постои и притоа доаѓа во различни форми и големини.

Нашиот денешен тест е поврзан токму со оваа тема. Добро погледнете ги следните три фотографии и одговорете на прашањето.

Кој пар, според вас, е најсреќен? Значењето на вашиот одговор може да го пронајдете веднаш под фотографиите.

Одговори:

Првиот пар

Изборот на првиот пар открива дека вашата врска е полна со огнена страст. Вам не ви е важно да објавувате фотографии со вашиот партнер на социјалните мрежи или на сите да раскажувате за вашата врска, бидејќи туѓото мислење воопшто не е важно за вас. За вас најважен е вашиот избор – да живеете во реалниот свет, со партнерот сега во моментот!

Вториот пар

Ако го избравте вториот пар, тоа значи дека ви обожавате да ја истакнувате вашата врска, како во реалниот живот, така и на социјалните мрежи. Ова се должи на фактот што вие сте навистина многу заљубени и едноставно сакате цел свет тоа да го знае. Но, бидете внимателни, не треба секој да знае за секој ваш нов чекор во врската меѓу вас и вашиот партнер.

Третиот пар

Вие и вашиот партнер сте доста зрели, имате целосна меѓусебна доверба и добро знаете дека туѓото мислење нема никакво значење. Не е ваша главна цел да им покажете на останатите колку сте среќни со партнерот, бидејќи ја цените приватноста. Живеете во сегашноста, но исто така сакате да правите планови за иднината. Љубовта кон вашиот партнер е огромна и сакате да изградите заеднички семеен живот.