Што мислите, што најмногу го „остарува“ нашиот изглед? Дали се тоа фините линии и брчки? Промена на бојата на кожата? Висната кожа? Вистината е дека станува збор за комбинација на сите овие фактори, но постои една главна причина што придонесува за висната кожа, фини линии и брчки, а тоа е губење на полнотата на лицето.

Ова е навистина сурова иронија бидејќи како што старееме ги собираме мастите на сите делови од телото, но ги губиме оние на лицето. Помислете на младешко лице и најверојатно на ум веднаш ви доаѓаат полни и румени образи. Тоа е затоа што мастите играат голема улога во пополнувањето на кожата и ги одржуваат нашите лица да изгледаат мазни и еластични.

Се разбира, губењето на маснотиите не е единствениот фактор во равенката. Исто така, постои загуба на колаген, кој нашите тела престануваат да го произведуваат на околу 25-годишна возраст. Во помал степен, на нашиот изглед на лицето влијае и губењето на мускулите што го придружува процесот на стареење. Сето ова додава до вкупно намалување на полнота на лицето.

Значи, ако загубата на исполнетост е првенствено одговорна за стареење на нашите лица, тогаш зошто да ги затегнуваме нашите лица? Иако и овој метод на лифтинг се применува, дерматолозите се почесто применуваат нов начин на подмладување на кожата, со кој наместо да ја затегаат, ја пополнуваат одвнатре. Добредојдовте во ерата на ТЕЧНИОТ ЛИФТИНГ (liquid facelift).

Што е тоа течен лифтинг?

Течниот лифтинг е комбинација на продукти за корекција на брчки и ремоделирање на лице со ботокс и различни типови на филери кои што се користат за подобрување на целокупниот изглед на лицето, прилагодена за совршено да одговара на конкретните цели и потреби на пациентот, а сето тоа се прави во еден третман.

– Хијалуронски филери и самото име кажува дека тие нешто пополнуваат. Ги пополнуваат брчките односно браздите кои се јавуваат од носот до аглите на усните. На тоа место најбрзо почнува да се топи колагенот и се меѓу првите знаци на стареењето. Во својот состав содржат хијалурон, апликацијата им е брза и лесна , се разбира доколку точно се погоди слојот каде треба да се аплицираат. Одредени фирми имаат специјални филери за контура и волумен на усни, за јаболкници и за длабоки брчки.

– Длабоки филери – Радиесе и Скулптра за обновување на контурите и структурата на лицето односно да се зголеми загубениот волумен на лицето што физиолошки настанува со процесот на стареење. Најголемата револуција во третмани за нехируршки лифтинг се постигна токму со овие продукти. Првиот е дериват на калциум , вториот дериват на млечна киселина. Обата произлезени од природни продукти. Се аплицираат длабоко во целата образна регија, со чудесна способност да дадат ефект на подигање односно лифтинг и пополнување на празнините кои настануваат со топење на масното ткиво.

– Ботокс за стимулиурање на релаксирачките мускули и затегање на опуштените мускули. Ботоксот идеално ги решава брчките на челото, околу очите и меѓу веѓите. Кога го аплицира дерматолог сертифициран за таа процедува тетманот е сосема безбеден и со совршен резултат.

После неколку апликации од било кој продукт лицето никогаш нема да се врати во првобитната состојба туку секој нареден пат ефектот ќе трае подолго и ќе биде потребно помалку продукт. Тоа е бидејќи сите овие продукти имаат стимулативно својство да продуцираат нов сопствен колаген кој нема да се стопи туку ќе остане и ќе ја држи Вашата кожа цврста и подмладена подолг период.

Во просек, резултатите од Liquid facelift траат и до 2 години. Сепак се зависи од состојбата на кожата, навиките на живот и користените третмани. Резултатите често може да се продолжат доколку пациентот внимателно ги следи упатствата на лекарот по постапката и користи квалитетни производи за нега на кожата.

Секоја процедура е уникатна сама по себе и зависи од пациентот, односно од состојбата на неговото лице и желбите и барањата. Професионалните дерматолози точно знаат да определат каков вид на течен лифтинг ви е потребен. Важно е да се напомене да посетите само добро позната дерматолошка ординација и да не дозволувате т.н козметичари и „експерти со курс“ да ја применуваат оваа процедура на вас.

Дали ова е лифтингот на иднината?

Течниот лифтинг е одлично решение да се решат проблемите со стареењето без да се оди под нож. Од многу аспекти кај оваа процедура ризиците се помали од оние на хируршки пристапи, а резултатите можат да бидат доста импресивни од естетска гледна точка.

Затоа не чекајте, бидете и вие дел од иднината на светот на „вечната младост“. Закажете си термин кај најдобрите. Ординацијата Др Анчевски ќе ви понуди брзо, ефикасно и професионално решение за вашиот проблем, потребно е само да се јавите на 02 321 66 08 или директно да закажете термин во нивната ординација.