Очигледно да се биде ќерка за сценограф за специјални ефекти е многу забавно, а 7-годишната Шелби Корам може да го потврди тоа. Нејзиниот татко Лајл, со неговиот кретивен ум, техничка експертиза и убава чиста љубов кон неговата ќерка може да направи магија!

Користејќи проектори, екрани и осветлување, Лајл ја трансформирал сцената преку прозорецот од сувиот пејзаж на Невада во бујно зелен свет во кој диносаурусите се движат слободно. Шелби била воодушевена од претставата, па дури и се обидува да се игра со еден од диносаурусите со помош на топка.

Лајл доби позитивни критики од интернет корисниците, затоа што ги сплотил работата и љубовта кон неговата ќерка, само за да ја направи среќна.