По „генијалниот“ фустан од фолија со меурчиња, сега брендот со неговиот најнов „изум“ повторно беше исмеан од страна на Интернет корисниците.

Еден од најпознатите британски брендови, АСОС, повторно е мета на критики откако една Твитер корисничка сподели фотографија од светло син фустан, превземена од официјалниот сајт на брендот.

Но, овој пат не беше исмеан дизајнот на фустанот, туку лошиот обид на брендот да го направи фустанот да изгледа совршено.

Односно, на фотографијата при која моделот позира само со главата свртена кон публиката, а телото свртено на спротивната страна, во предниот дел на фустанот, можат да се забележат 2 прикачени штипки на модното парче.

Фотографијата беше споделена и во зголемено издание, за да појасно се види оригиналната техника на брендот:

„Длабоко се извинуваме за ненавременото отстранување на штипките. Доколку имате и други забелешки во иднина, слободно контактирајте нè.“– изјави официјален претставник на брендот.

Но, Твитер заедницата продолжи со бројните коментари, дискутирајќи како тоа влијае врз девојчињата и жените кои ги купуваат нивните парчиња.

„Вие со штипки се обидувате да го направите фустанот да изгледа совршено, а девојките што ќе го облечат истиот, ќе се прашуваат што не е е во ред со нивното тело и фигура, бидејќи фустанот не им стои совршено како на манекенката.“– гласеше еден од коментарите.

Ова е сега фотографијата од истиот фустан, изменета, односно компјутерски ги отстраниле несаканите видливи детали.