Оваа состојка која може да се најде веќе во секоја втора кујна и е дел од секоја диета, бидејќи ефикасно го намалува гладот и ве заситува на подолг период.

Станува збор за чудесното кокосово масло. Неговото конусмирање помага во зголемување на нивото на енергија, што пак придонесува за побрзо согорување на вишокот масни наслаги. Најдобрата придобивка од ова масло е тоа што ќе ви помгоне да ослабнете, но притоа не само што ќе ве ослободи од вишокот килограми, туку и од висцералните масти, лоцирани во стомакот, под кожата.

Други придобивки од кокосовото масло

  • Го подобрува нивото на холестерол и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
  • Помага да влезете во состојба на кетоза, што е од голема важност за губењето на мастите.
  • Му помага на телото успешно да се бори против инфекции.
  • Го намалува воспалението и го подобрува здравјето на штитната жлезда.
  • Ги хидратира косата и кожата.

Дали кокосовото масло е добро за вас?

Луѓето кои страдаат од хиперхолестеролемија односно високо ниво на холестерол во крвта треба да бидат особено внимателни и да ја намалат неговата консумација.

Какво кокосово масло е најдобро за слабеење?

Имајте во предвид дека не секое кокосово масло е создадено со цел за намалување на телесната тежина.

Најдобро е да користите органско девствено кокосово масло доколку сакате да ослабнете, бидејќи на овој начин ќе ги добиете сите висококвалитетни микроелементи од неговиот состав.

Како да го употребите кокосовото масло за слабеење?

Најдобро е 20 минути пред вашиот оброк да го консумирате кокосовото масло, бидејќи истото значително ќе го намали вашиот апетит, брзо ќе ве застити и на овој начин ќе се задоволите со помали порции на храна.

За растворот, измешајте 1-2 супени лажици кокосово масло во чаша и додадете топла вода или билен чај.

Следете ги следните упатства, за да определите колку масло треба да се консумира пред секој оброк, во зависност од вашата телесна тежина:

  • Од 40 до 60 кг- 1 супена лажица кокосово масло пред секој оброк т.е вкупно 3 супени лажици кокосово масло дневно.
  • Од 61 до 80 кг- 1,5 супени лажици кокосово масло пред секој оброк т.е вкупно 4,5 супени лажици кокосово масло дневно.
  • Над 81 кг- 2 супени лажици кокосоово масло пред секој оброк т.е вкупно 6 супени лажици кокосово масло дневно.