И покрај тоа што воспитува идни кралеви и принцеза, сепак Кејт Мидлтон безброј пати има докажано дека себеси се смета за најобична и наједноставна мајка на нејзините деца.

Иако е факт дека може да си дозволи дадилки колку сака, сепак војвотката претпочита сама да се грижи за нејзините три деца- Џорџ, Шарлот и Луи.

Она што најмногу ги изненадува сите околу неа, како и јавноста, се нејзините методи на воспитување, кои според многумина, се пркосат на кралскиот протокол. И покрај тоа, Кејт одлично се справува со предизвиците кои ги носи родителската улога, а ова е тајната на нејзиниот успех.

Според блиските на војвотката од Кембриџ, во воспитувањето на нејзините деца, Кејт следи еден многу едноставен принцип.

„Пример за правилно воспитување според Кејт е нејзиното сопствено детство. Затоа таа се обидува да им овозможи на нејзините деца да поминуваат што е можно повеќе време на село, во природа, со најблиските роднини. Таа се стреми нејзините деца да имаат нормално детство.“- вели извор од Бакингамската палата.

Војвотката претпочита нејзините деца да бидат постојано во допир со природата и животните и да не се плашат и да ги потопат нивните нозе во изворот, да си играат како и останатите деца и да бидат добри кон животните.

Кејт своите родителски методи се обидува да ги пренесе и во социјалните проекти во кои учествува, а преку кои се труди да им обезбеди на останатите деца, да имаат нормално детство, во природна средина.