Доколку веќе подолго време барате решение како да се ослободите од старите и тврдокорни дамки на вашите крпи и облека, тогаш ви предлагаме да го пробате ова прекрасно средство.

Истото е соодветно за било каков материјал и било каква боја, кои при чистењето ќе ги зачува и заштити, а истовремено ќе ги ослободи од несаканите дамки.

Домашно средство за брзо и ефикасно отстранување на дамки

Потребни состојки

  • Половина супена лажица морска сол
  • 1 супена лажица нишесте
  • 1 супена лажица течен сапун за перење
  • 1 кафена лажица лимонска киселина
  • 1 супена лажица вода

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ја лимонската киселина со водата, до нејзино целосно растворање. Следно, додадете ги нишестето и солта, а потоа налејте го течниот сапун за перење и добро измешајте ги сите состојки заедно.

Нанесете ја добиената смеса врз дамката, користејќи ја обратната страна т.е мазната страна на сунѓерот.

Поставете ја крпата или облеката во ќеса да отстои најмалку 12 часа, а потоа исперете ги во машина за алишта, на вообичаениот начин.

Резултатите ќе ве воодушеват!