Во 1840-тите, хотелот „Греам Спрингс“ во Хародсбург се сметал за едно од најмодерните летни одморалишта во Кентаки, САД, со две големи балски сали и елегантна трпезарија за 150 лица.

Тука гостите се собирале за забави и разни свечености, облечени во нивната најелегантна облека, се смееле и танцувале длабоко во ноќта.

Меѓутоа, во денешно време, хотелот „Греам Спрингс“ има повознемирувачка репутација. Спомените од елегантните балски вечери се засенети од необележаниот гроб на „дамата што танцува“.

Нејзиниот гроб лежи недалеку од местото каде што починала, а со текот на годините таа станала нешто како урбана легенда во околината. За нејзиниот живот се знае многу малку, единствена светла точка околу нејзината мистерија се деталите за нејзината последна ноќ на овој свет.

Деталите за смртта на Хародсбуршката танцувачка дама – како што раскажал тогашниот хотелски сопственик д-р Кристофер Колумбос Грахам – се малку измешани и романтизирани, како наратив за приказна на Шерлок Холмс.

Се вели дека дамата се пријавила во хотелот „Греам Спрингс“ во Хародсбург во летото во 1840 година. Таа тврдела дека се вика Вирџинија Стафорд и дека нејзиниот татко е влијателен судија во Луисвил, кој ќе пристигне подоцна.

Таа вечер, „Вирџинија“ присуствувала на бал во хотелот и ги воодушевила сите присутни со нејзината извонредна убавина и шарм. Таа танцувала со неколку партнери во текот на целата ноќ, привлекувајќи го вниманието на секој маж во просторијата.

Танцувала со часови без да се замори, но тогаш, кога вечерта се приближила кон крајот, нејзиниот последен партнер за танцување погледнал надолу и видел дека таа починала во неговите раце.

По нејзината смрт, стана очигледно дека дамата не била искрена за тоа која е таа. Иако навистина постоел судијата Стафорд, тој немал ќерка по име Вирџинија. Никој не знаел која била оваа волшебна дама, или зошто одбрала да го прикрие својот вистински идентитет.

Сопствениците на хотелот, наводно, чекале цела недела за да дојде некој и да го идентификува телото, но никој не дошол. Откако ја пребарале нејзината соба, сè што можеле да пронајдат било фустанот во кој пристигнала и празен куфер.

Персоналот организирал погреб и ја закопале во анонимен гроб.

Години подоцна, хотелот изгорел до темел и бил претворен во воена база. Сите кои биле присутни на таа кобна вечер веќе биле почината, а гробот на „дамата што танцува“ останал единствен спомен за чудниот настан.

Со текот на годините, мистеријата околу идентитетот и чудните околности околу нејзината прерана смрт продолжиле да бидат главна тема меѓу локалните жители.

Легендата вели дека таа „танцувала до смрт“ и дека сè уште може да се види како танцува покрај нејзиниот гроб, под месечевата светлина.

Според еден извештај, една локална жена наводно наишла на дух на жена во близина на гробницата која и рекла дека е изгубена и дека се обидува да се врати назад кон хотелот Хародсбург.

Кога жената објаснила дека салата за танцување одамна изгорела, жалната фигура започнала да плаче.

Сепак, оваа поетска приказна не им одговара на сите, некои веруваат дека позади приказната се крие одвратно злосторство.

Тод Метјуз е истражувач на криминал, кој заедно со писателот, истражувач и научник д-р Лин Смелсер работи на расветлување на овој многу стар случај.

Метјуз во моментов е директор на мрежата До, организација која се фокусира на решавање на случаи со неидентификувани лица.

Метјуз откри дека верува дека “оваа романтизирана приказна може да биде само обид да се маскира убиство“.

Метјус и д-р Смелсер неодамна се обидоа да ја ексхумираат дамата што танцува, со цел да земат примероци од ДНК што потенцијално може да укаже на нејзиниот вистински идентитет.

Најшироко се верува во теоријата дека жената во гробот е Моли Блек Сивел, втора сопруга на маж од Тенеси по име Џо Сивел. Во тоа време парот бил разведен, а многумина веруваат дека Сивел избегала во потрага по авантура и гламур.

Друга верзија вели дека жената пристигнала во хотелот со маж кој по нејзината смрт избегал низ прозорецот и никогаш повеќе не бил виден.

Како и да е Метјуз и д-р Лин веруваат дека тука станува збор за убиство и се стремат кон тоа да го разрешат случајот и да му дадат одговори на семејството кое потенцијално ја бара жената која исчезнала без трага и глас.