Германката  Анегрет Раунинг реши да стане мајка на 65 години, а притоа таа веќе имаше 13 деца, на возраст од 10 до 44 години, а жената веќе има и 7 внуци.

За оваа нејзина доцна бременост, Анегрет одлучи да пристапи со вештачко оплодување, односно со ин-витро, за што лекарите беа против, земајќи ја во предвид нејзината возраст, која може да ги доведе и неа и бебето во опасност.

Но, Анегрет ниту за момент не се предомисли од нејзината одлука и ниту лекарите не успеаја да ја разубедат. Таа открива дека нејзината најмала, 10-годишна ќерка, едноставно посакала и мечтаела да има уште една сестричка или братче.

Но, Раунинг, која инаку по професија е наставничка, воопшто не очекуваше дека наместо на 1 дете, ќе стане мајка на дури 4 близнаци!

Со тоа, Анегрет влезе во Гинисовата на рекорди на највозрасната мајка, која родила 4 близнаци.

Денес, таа е среќна и исполнета со нејзиното големо семејство, за кое вели дека со задоволство се грижи, а нејзините повозрасни деца помагаат околу помалите близнаци колку што најмногу можат.