Денешната приказна е доказ за тоа како силната волја и желба за промена, може да резултираат со вистинско чудо, дури и во ситуациите кога сè изгледа безнадежно.

Кога била на 21-годишна возраст, Матила Броберг, од Данска, тежела неверојатни 126 килограми. Таа имала навика секојдневно да консумира по 3600 калории, количество кое е премногу дури и за возрасен маж.

Матилда била навикната на таков живот, но сè се променило кога еден ден била во забавен парк и вработените во една пригода й забраниле да се качи на забавниот воз, бидејќи поради тежината, девојката не можела целосно да се смести и да го стави безбедносниот појас.

Од тој момент, Матилда реши својот живот да го преземе во свои раце и да направи сè што е потребно, за да ослабне и да ја оствари својата цел.

Колку и апсурдно да звучи, таа најпрво се откажала од нездравите чипсови, сендвички, слатки и газирани пијалоци. Така, за 4 години во борбата со вишокот килограми, Матилда успеа да ослабне 57 килограми. Според неа, дури тогаш сфатила колку многу изгубила поради големата телесна тежина, бидејќи не можела да учествува во секојдневните активности, како пливање и спорт, како што тоа го правеле нејзините соученици.

Матилда во целиот процес на слабеење имала еден необичен, но неверојатно ефикасен трик: Таа не ја консумирала храната со вообичаена супена лажица, туку наместо тоа користела кафена лажица и воедно, користела и мали чинии и садови, на овој начин, залажувајќи го своето тело.

„Бидете сигурни дека доколку сакате да ослабнете, потребно е само да ја консумирате храната во мали порции. Не се откажувајте, дури и кога вагата нема да го покаже посакуваниот број. Поставувјте си мали цели, на пример, да ослабнете 3 кг за 1 месец и потоа наградете се самите себе, на пример, со нов пар на чевли.“-вели  Матилда, која со своите едноставни совети се надева дека ќе ги инспирира сите да ја постигнат својата цел.