Парот се познава 5 години, од кои 4 години се во официјална врска. Девојката која потекнува од Европа, пристигна во Америка за да го продолжи образованието и на универзитетот се запозна со својата љубов.

Нивната врска е како од бајките, па затоа одлучија да стапат во брак и да направат подеднакво волшебна свадба, со која ќе ја крунисаат својата голема љубов.

Еден месец пред свадбата дознале дека девојката е бремена и тоа многу ги изненадило, бидејќи секогаш внимавале. Но, сепак не ја исклучиле можноста дека се работи за грешка.

Секако, тоа не ги спречило да продолжат со подоготовките за нивната свадба.

Но, по свадбата, работите се промениле. Жената започнала да се однесува чудно, да се оддалечува и бидејќи веќе не можела да издржи, конечно еден ден на својот сопруг му признала дека постои можност детето да не е негово. Откако му го соопшти тоа на сопругот, жената започна да плаче, да му вели дека го сака.

Сопругата се каеше за тоа што го направила. Била излезена со пријатели, испила премногу алкохол и останала на спиење во станот на момче кое не знае како се вика и не се сеќава како изгледа.

Иако за сопругот сето ова било шок, размислил и одлучил да направат ДНК тест, на што таа се согласила. Тестот кој не бил евтин, покажал дека сепак тој не е вистинскиот татко на детето.

Потоа следувал најтешкиот дел. Од една страна, знаел дека тие како семејство се многу поврзани и дека постои голема љубов, но од друга страна, едноставно не можел да поверува што се случило.

За да ги разбистри мислите, отишол во црква и го замолил Бог за помош, а луѓето кои стоеле во близина, му се приближиле и го прашале што е тоа што го мачи. Со солзи во очите, мажот ја раскажал својата мака, но и кажал дека бескрајно ја сака својата сопруга и детето за кое мислел дека е негово. Луѓето внимателно го слушале, а потоа му дале еден совет, доколку навистина го сака своето семејество, сега најмногу му е потребен на истото.

Тој останал уште некое време во црквата, а потоа си заминал среќен бидејќи конечно го пронашол внатрешниот мир кој му недостасувал. Оттогаш поминале неколку години, а мажот сега е во среќен брак и воедно е горд татко на едно весело мало момче, кое наскоро ќе тргне во градника.