Една девојка по име Марија се омажила и отишла да живее заедно со сопругот и неговата мајка. Но, многу набрзо девојката сфатила дека нема да има мирен живот со свекрвата.

Марија и нејзината свекрва постојано се расправале. Според свекрвата, снаата требало да й се потчинува, што таквиот став дополнително ги влошувало односите.

Поради бурните караници кои го исполнувале секојдневието и атмосферата во домот, и самиот маж започнал да се чувствува лошо и да страда.

На крај, Марија едноставно немала сила да го издржи лошиот карактер на својата свекрва, при што одлучила дека е време да преземе нешто во врска со истата. За таа цел, снаата решила да посети човек кој се занимавал со црна магија, му ја раскажала својата ситуација и од човекот побарала отров, за да го реши семејниот проблем.

Човекот се замислил и рекол: „Марија, ќе ти помогнам да го решиш својот проблем, но треба внимателно да ме послушаш и да направиш точно како што ќе ти кажам. Можеш да го искористиш отровот, но бидејќи тој дејствува многу брзо, ќе предизвикаш сомнежи кај останатите. Затоа, еве ти повеќе од таа трева, користи ја по малку секој ден и полека телото на твојата свекрва ќе се полни со отровот. Секој ден подготвувај вкусна храна и додавај од отровот. Воедно, за да не привлечеш внимание и сомнежите да бидат свртени кон тебе, промени го твојот однос кон свекрвата. Едноставно однесувај се љубезно, биди повнимателна, не се расправај и покажувај мала почит.“

Марија била пресреќна. Му се заблагодарила на човекот, брзо се вратила дома и започнала да го применува планот за убиството. Поминале седмици, месеци…Марија секој ден на својата свекрва й сервирала вкусна храна, зачинета со отровната билка што ја добила од човекот. А притоа, земајќи ги во предвид неговите зборови, за да подоцна не се посомневаат во неа, снаата започнала многу пољубезно да се однесува со својата свекрва.

По 6 месеци, атмосферата во домот драстично се променила.

Марија научила многу добро да се контролира, веќе не била толку нервозна, ниту пак имала желба да се расправа, бидејќи за тоа немало ни причина, од страна на свекрвата во последната половина година. А и свекрвата се променила. Станала многу понежна и промените во односот биле доста забележителни. Нејзиното однесување кон снаата се променило, дури започнала да ја сака Марија како сопствена ќерка.

Тие веќе и навистина се однесувале така, како вистинска мајка и ќерка.

Марија потоа веднаш се вратила кај човекот што прави црни магии и повторно го замолила за помош. Но, овој пат од човекот посакала да ја советува како да го уништи дејството на отровот, бидејќи сега ја сакала својата свекрва и ја почитувала како своја мајка.

„Таа е прекрасна жена, не сакам да умре“- очајно рекла Марија. На тоа, билкарот одговорил: „Никогаш не ти дадов отров. Тоа беа витамини за подобрување на здравјето. Единствениот отров беше оној во твоите мисли, но сега ниту него го нема.“- на крај рекол човекот.

Има една поговорка која гласи вака: „Човек кој ги сака другите, е човек сакан од другите“