Плакнењето на устата со кокосово масло е стар лек кој има неверојатен позитивен ефект врз оралната хигиена, но и елиминацијата на токсините од организмот. Практиката вклучува нанесување кокосово масло во устата за отстранување на бактериите.

Токму овие бактерии можат лесно да доведат до формирање на забен камен и да предизвикаат пожолтување на забите.

Кокосовото масло е фантастичен избор во овој случај затоа што има пријатен вкус, а има и голем број други здравствени придобивки, односно, лауринската киселина која ја содржи истото, ги намалува воспалителните процеси и ги уништува бактериите. Бројни истражувања покажаа дека редовното правење гаргарасо кокосово масло ги намалува бактериите во устата и го спречува развојот на забен камен и гингивитис.

Сè што е потребно да направите е да ставете 1 кафена лажица кокосово масло во устата и правете гаргара 15-20 секунди, а потоа исплакнете ја устата, без да го голтате маслото.