Корисник на Twitch заработи 16.000 долари за само една ноќ откако им дозволи на луѓето да плаќаат за да го разбудат од спиење.

Додека Twitch-сервис за пренос во живо, првично беше дизајниран за стримови на видео игри, азиецот Енди најде покреативен и профитабилен начини за користење на услугата.

Неговиот план на игра е едноставен; спие, а неговата публика се натпреварува да го разбуди. Додека идејата не е нова и е правена претходно, Енди најде начин да заработува додека спие.

Гледачите можат да плаќаат пари во замена за бучава, како што се гласна музика, лаење на куче или глас што чита текст, сето тоа со цел да го разбуди Енди од сон.

Последниот светски рекорд за вакво нешто  беше 6.000 американски долари. Момци, 16,000? Возев Uber за 16 долари на час. Возев Убер, тоа е сè што правев и одев на училиште. Вие  ми го направивете животот поубав, сериозно. Ова е лудо -вели Енди