Боите што одбирате да ги носите можат да кажат многу работи за вас. На пример, ако сакате да носите црвена облека можеби значи дека сте доминантна личност. Боите можат да влијаат на вашете расположение и на тоа каков впечаток оставете кај другите. Би сакале да споделиме што велат истражувачите за ова.

1. Црвена

Да црвената боја може да асоцира на агресија и доминација. Истражувачите откриле дека спортистите кои ја носат оваа боја имаат 5% поголема веројатност да победат. Таа предизвикува лачење на тестостерон и може да ги подобри физичките преформанси.

Едно интересно откритие е дека келнерките во црвена униформа добиваат повеќе бакшиш од мажите. Студиите потврдија дека оваа боја ги привлекува мажите затоа што асоцира на љубов и страст. Значи ако сакате да ве забележат, облечете нешто црвено.

2. Виолетова

Виолетовата боја е поврзана со кралски церемонии. Освен тоа, остава впечаток на магија и фантазија. Виолетовата боја ја стимулира креативноста и носи мир, но во исто време, таа е поврзана со чувствителноста и емотивноста.

3. Портокалова

Ако ви се допаѓа портокаловата боја ова може да значи дека сте многу енергични. Портокаловата боја носи возбуда и енергија.

4. Бела

Луѓето кои сакаат да носат бело најчесто имаат тенденција да бидат организирани, логични и посветени кон работата. Белата може да предизвика чувство на чистота и минимализам.

5. Црна

Тоа е бојата на авторитетот. Силна е и може да предизвика чувство на елеганција, формалност и мистерија. Црната боја рефлектира одредена практичност и реализам во светот, затоа многу се користи од луѓе кои треба да следат кодекс на облекување на нивното работно место.

6. Сина

Луѓето кои сакаат сина боја се сигурни, самостојни и внимателни. Тие имаат тенденција да обрнуваат внимание на деталите, да станат перфекционисти и да имаат беспрекорни манири.

7. Жолта

Некој што сака жолто има желба за авантура. Ако белата е  независност, тогаш жолтата е слобода. Бојата може да се поврзе со хумор, спонтаност, оптимизам и страст. Овие луѓе имаат тенденција да бидат креативни, но импулсивни.

8. Зелена

Ние ја поврзуваме зелената со пари и зеленчук, но истражувачите велат дека „зелените личности“ се социјални типови кои имаат желба за безбедност. Зелената боја може да биде поврзана со успех.

9. Розова

Розовата е поврзана со нежност, веројатно не би видел криминалец во розово одело. Оваа боја е исто така позната како добар регулатор на расположението. Главните асоцијации што ги создава розовата боја се љубов, чувствителност, дарежливост и љубезност.