Што се случува со вашето тело кога јадете премногу месо

Иако месото го сметаме за важен дел од исхраната, премногу јадење може да биде штетно за вашето здравје. Ова не значи дека треба да ги исечете тие вкусни шницли од ручекот целосно, но добро е да бидете информирани за тоа што прекумерниот внес на месо може да му направи на вашето тело.

1. Може да имате камења во бубрезите.

Протеините базирани на животни имаат многу соединенија наречени пурини. Овие се распаѓаат во урична киселина, и ако имате премногу оваа киселина, може да развиете камења во бубрезите. Можете да го избегнете ова со ограничување на потрошувачката на месо, а исто така и со пиење многу вода.

2. Може да дехидрирате.

Заради вишок на таа урична киселина за која зборувавме погоре, би можеле да се чувствувате пожедно од вообичаеното. На вашите бубрези им е потребна вода за разредување на секој токсичен отпад, затоа бидете сигурни дека имате вода со себе постојано, каде и да сте.

3. Може да добиете запек.

Храната базирана на месо има многу протеини, но не и многу растителни влакна. Овие влакна вообичаено би ги добиле од овошје, зеленчук или зрна, затоа проверете дали ги вметнувате сите овие категории на храна во вашата исхрана. Запек и болни движења на дебелото црево може да бидат некои од првите знаци дека внесот на влакна е премал. Затоа, зграпчете ја таа салата уште пред да почуствувате ваков проблем.

4. Може да добиете главоболки.

Недостаток на хидратација може да предизвика и главоболка. Тоа предизвикува крвта да биде подебела, што значи намален проток на кислород до мозокот. Од друга страна, некои производи базирани на месо, како салама или хотдог, содржат нитрати, што може да го зголеми протокот на крв во мозокот.

5. Може да имате проблеми со срцето.

Колку повеќе влакна имате во вашата исхрана, толку е заштитено срцето. Ако јадете претежно месо, тогаш немате високо ниво на влакна. Црвеното месо, особено, може да предизвика штета на вашето срце. Може да ги удвои вашите ризици од проблеми поврзани со срцето затоа што содржи многу заситени масти. Заситените масти го зголемуваат нивото на лош холестерол.

6. Може да се разболувате почесто.

Заситените масти присутни во црвеното месо и преработеното месо не содржат антиоксиданти неопходни за организмот да го победи секое можно воспаление. Тие антиоксиданти најмногу ќе ги најдете во овошјето и зеленчукот, затоа е толку важно да имате „шарена“ диета. Боите на одредени плодови се пигменти на одредени групи на антиоксиданти.

7. Може да имате лош здив.

Диета која се состои од многу високи протеини и маснотии, но нема јаглехидрати, може да предизвика телото да произведува кетони. Кетоните се ослободуваат преку здивот и мирисаат на ацетон. Затоа, ако некогаш сте ја следеле кето диетата, можеби сте доживеале проблеми со здивот. Затоа, проверете дали внесувате и некои јаглехидрати во вашата исхрана.

8. Може да имате проблеми со косата и кожата.

Месните производи ретко имаат витамин Ц. Витаминот Ц игра клучна улога во формирањето на колаген, протеин што ја прави вашата кожа, коса, нокти, коски и повеќе, да изгледаат многу подобро. Ако забележите непријатни промени во вашата коса и кожа, тогаш можеби ќе треба да ја преиспитате вашата исхрана и да престанете да јадете месо.

9. Може да имате слаби коски.

Големи количини на протеини можат да ја зголемат загубата на калциум во урината. А, калциумот е апсолутно неопходен за здрави коски. Вашето тело не произведува калциум. Го добива само преку храната што ја јадете, или од додатоци. Ако нема доволно, тогаш вашите коски можат да ослабнат.

10. Може да се чувствувате повеќе уморни.

Храната што содржи месо е многу потешко да се вари во нашиот дигестивен систем од кој било зеленчук или овошје што го јадете. Затоа, потребно е многу повеќе напор за вашето тело да свари бифтек, и затоа може да се чувствувате умор откако ќе изедете нешто тешко.

11. Може да придонесете за климатските промени.

Изборот да не јадете месо може да има корист не само за вашето тело, туку и за животната средина. Вие би можеле да играте важна улога во намалувањето на стакленичките гасови, бидејќи за вашата изхрана ќе биде потребно помалку земјиште и помалку добиток, што би придонело до намалување на шететните емисиони гасови кои ги произведува месната индустрија. Замислете ако сите избереме да го сториме тоа, сите би можеле да живееме поодржливо.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *