Обично започнува наивно- почнуваме да гледаме серија препорачана од пријател или за која сме слушнале на социјалните мрежи. Но, пред да се свестиме, почнуваме да стискаме на „следна епизода“ одново и одново и наеднаш гледаме како се разденува.

Ние многу добро знаеме што значи цел ден да поминеме во кревет гледајќи ја омилената серија и тука сме со вас да ги споделиме добрите и лошите страни на тоа.

Добро: Не прави среќни.

Психолог објаснува дека пријатна активност, како гледање телевизија, предизвикува нашиот мозок да произведува допамин, што помага да се создадат чувства на задоволство.

Ова исто така објаснува зошто некои луѓе можат да ја завршат целата сезона во „едно седнување“. Нашите желби за допамин нè поттикнуваат да продолжиме да го правиме она што нашиот мозок го смета за пријатна активност, што ни го отежнува исклучувањето на екраните.

Добро: Тоа ни овозможува да стапиме во контакт со нашите емоции.

Дали некогаш сте се чувствувале толку поврзани со лик што сте плачеле кога некој ќе им го скрши срцето?

Еден експерт го опишува гледањето серии како форма на „наративен транспорт“, каде гледачите се нурнуваат во приказна како да е вистинска. Заплетот, глумата и музиката, придонесуваат за силно емотивно искуство.

Добро: Ви помага да се ослободите од стресот.

Според еден психолог, нашето секојдневие е бомбардирано со постојан стрес и многу информации. Гледањето на нашата омилена серија им овозможува на нашите мозоци да се одморат од сите притисоци и стресови околу нас.

Привременото бегство исто така може да ни помогне да се чувствуваме „подмладени“ и поподготвени кога ќе се вратиме во „реалниот свет“ за да се соочиме со нашите лични проблеми.

Добро: Помага во подобрување на социјалните и романтичните врски.

Сериите помагаат да се поттикне чувството за заедница, особено кај луѓето кои го следат истото шоу. Овој заеднички интерес може да се најде при започнување разговор или споделување мислења со други луѓе.

Освен што е забавен и лесен начин на поминување време заедно, гледањето серии со вашиот  партнер може да биде добро и за вашата врска.

Лошо: Тажни сме кога ќе заврши.

Празното чувство што доаѓа со секое финале на серија може да биде резултат на она што еден психолог го опишува како „ситуациона депресија“. Да се ​​збогуваме со серијата во која сме вложиле толку многу време, може да доведе до чувство на загуба.

 Лошо: Може да предизвика несоница.

Студија откри дека луѓето со што гледаат многу серии имаат послаб квалитет на сон, зголемен замор и симптоми на несоница.

Гледањето криминалистички документарци, хорор сцени или трилери не е многу погодно за добар сон. Еден експерт вели дека пост-хорор еуфоријата предизвикана од сцени што „испумпуваат“ адреналин ни го отежнува сонот.

Лошо: Може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Долгите часови седење пред телевизор ги обесхрабрува социјалните активности и ги охрабрува нездравите навики во исхраната.

Лошо: Може да поттикне изолација.

Ако изберете да поминувате повеќе време со  вашата омилена серија, наместо со вашето семејство и пријатели, тоа може да биде знак дека развивате лоша навика.