Неколку студии покажаа дека утринската рутина придонесува за поздрав начин на живот. Тоа е начинот на кој размислуваат извршните директори и спортистите со високи перформанси.

Ние веруваме дека поздрав живот значи да имаме добри навики. И овој пат би сакале да ви покажеме зошто будењето во исто време може да има голем бенефит за вас.

1. Ќе имате повеќе енергија

Голем број успешни луѓе се во клубот „5 часот наутро“, концепт создаден од Робин Шарма во неговата книга што го носи истото име. Во книгата се вели дека „победата започнува на почетокот“ и дека првите часови од денот се исклучително важни.

Според германско истражување, луѓето кои имаат навика да се будат рано се поупорни, имат подобра соработка со другите и силен порив за нови искуства.

2. Ќе бидете повнимателни и помалку вознемирени.

Вознемиреноста е поврзана со вашите навики за спиење, вели едно истражување. Раното будење има свои поволности кои ве прават повнимателни и добро влијаат на вашето здравје, тело и ум.

Друго истражување вели дека луѓето кои се будат рано, имаат поголема веројатност да бидат успешни на работното место и брзо да ги извршуваат задачите.

3. Ќе бидете позадоволни од вашиот живот.

Да се ​​има строго определено време за будење ги прави луѓето позадоволни. Така се вели во истражување спроведено на 1.033 луѓе. Имањето редовна рутина доведува до 13% поголемо задоволство во личниот живот на луѓето, 18% пораст на нивната финансиска состојба и шокантно 21% поголемо задоволство во рамнотежата меѓу работата и животот, се вели во студијата.

4. Варењето на храна ќе биде подобро.

Имаме деноноќен циклус, познат и како природен, внатрешен процес кој го регулира времето на спиење. Покрај ова имаме и „стомачен часовник“ кој е дел од целиот т.н внатрешен процес. Доколку спиеме и јадеме во исто време секој ден, нашиот дигестивен систем има поголема регуларност во неговото функционирање и варењето на храната се одвива полесно.

5. Вашиот имунитет ќе биде посилен.

Спиењето игра важна улога во имунитетот. Тоа е потребно за мозокот и за општото здравје. Кога се будите во исто време секој ден тоа  може да му помогне на вашиот имунолошки систем го одржува вашиот метаболизам добро организиран.