Ако луѓето престанат да постојат, 3,5 милиони тони ѓубре од Јапонија до Калифорнија не би било собрано тој ден. Ова значи дека уште повеќе пластичен отпад би можел да лута по улиците, шумите и океаните. Не би било изненадување ако се разбудиме 1.000 години подоцна, а наоколу уште има пластични чаши од Мекдоналдс. Но не е се` толку лошо, отсуството на луѓе би било навистина добро за Земјата.

Ви претставуваме неколку хипотези кои би станале реални ако заспиеме 1.000 години.

1. Шумите ќе пораснат насекаде.

На силно оштетена дождовна шума и требаат повеќе од 4000 години за целосно да се обнови. Тоа е затоа што човековата активност го отежнува процесот на регенерација. Значи, ако луѓето не постојат на планетата, дрвјата и сите други растенија ќе растат многу побрзо.

Животните кои живеат во шуми, исто така, ќе започнат да растат во бројки бидејќи ќе имаат изобилство храна, а животните се клучен фактор во обновувањето шумското подрачје.

2. Огромен број згради ќе се срушат.

Повеќето ќерамиди што се користат за изградба на домови се направени да траат 20-30 години. После тоа, ќе се појави протекување и други проблеми, кои бараат човечка интервенција за да се поправат. Во моментот кога ќе започне да тече покривот, прашање на време е кога водата ќе ви го изгние дрвениот покрив и sидовите. Поради ова, први ќе „отидат“ дрвените конструкции.

Стаклените и металните конструкции исто така би започнале да се распаѓаат многу брзо, па можете да заборавите на сите овие високи и фенси облакодери каде што се наоѓа вашата канцеларија. Единствените згради што веројатно би останале по 1.000 години се оние направени од камен.

3. Планетата ќе биде темна.

Првиот ден откако луѓето ќе заспијат, повеќето централи за енергија би се затвориле, што ќе резултира со затемнување низ целиот свет. Само Тајмс Сквер и Лас Вегас би имале светлина уште неколку дена. Целата храна во фрижидерите би започнала да ја напаѓаат лебарки и глувци, кои сега ќе владеат со светот.

Дополнително, многу системи на подземната железница кои пумпаат вода би започнале да функционираат неправилно и би ги поплавиле тунелите за само 36 часа. На Алјаска, резервоарите за складирање нафта ќе се наполнат до врв и ќе експлодираат. Нафтата ќе започне да се излева, а тони нафта ќе завршат во океанот.

4. Повеќето домашни животни ќе исчезнат.

Животните како мали кучиња и овци би биле најранливи и би биле во голема опасност. Дури и ако останат засолнети, по некое време ќе останат без храна и ќе бидат принудени да излезат и да ја бараат. Поголемите кучиња, како германските овчари, овчарските кучиња и дивите раси, ќе можат да се прилагодат во дивината и да се заштитат.

Мачките, исто така, веројатно ќе успеат да се прилагодат на новиот начин на живеење, но ќе имаат голема конкуренција.

5. Многу споменици во светот ќе станат историја.

Корозијата е еден од најголемите непријатели на сите материјали што се користат за изградба на сите наши убави споменици. Само златото е имуно на корозија. Тоа е затоа што металите се оштетуваат од присуството на кислород. Ова предизвикува да настане ‘рѓа, што порано или подоцна ќе резултира со уништување на спомениците.

6. Многу градови би биле под вода.

Причината поради која градовите како Амстердам сè уште постојат, е благодарение на системите за одводнување, брани и мостови. Сите тие спречуваат катастрофи како што се поплави и цунами. Но, ако луѓето не се тука за да ги одржуваат овие системи, силата на водата ќе ги уништи и масовно количество вода ќе влезе во градовите.

Градовите како Њујорк, Мајами и Њу Орлеанс веројатно би биле под вода. Врз основа на денешните податоци, сите овие градови би доживеале екстремен пораст на нивото на водата до 2070 година. Но, без луѓе вакво нешто може да се случи побрзо.