Мислам дека повеќето обожаватели на Шрек ќе можат да се разберат какво е чуството кога ќе кажам дека веќе не ни бројам  колку пати сум го гледал филмот.

Иако другите приказни ги прикажуваат огрите како џиновски чудовишта од кои треба да се плашиме, Шрек нè учи дека, како и кромидот, суштествата имаат слоеви, а во текот на филмот гледаме дека под неговите првични желби да направи бања со кал и да биде оставен на мир, Шрек е способен да биде добар пријател и да се вљуби.

Приказната за Шрек е раскажана во вкупно четири филмови, а последниот, „Шрек засекогаш“излезе во 2010 година. Ова, во комбинација со фактот дека фановите, најверојатно, повеќе пати го гледале филмот  веројатно е причината што е толку шокантно дека сагата започнала пред цели две децении.

Нетфликс Велика Британија ги потсети корисниците на Твитер на овој вознемирувачки факт со твит објавен на 22 Април кој гласи: „Премиерата на Шрек беше НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 20 ГОДИНИ, и оттогаш светот е позелено место“.

Иако поводот е за славење фановите тешко можеа да ја прифатат веста, а многумина одговорија на твитот за да го изразат својот ужас.

Еден корисник на Твитер се пошегува дека ќе го пријави твитот на Нетфликс за „штетен и навредлив“, а друг праша: „Зошто се обидуваш да направиш да се чувствувам антички?“

Дали се чуствувате старо по оваа вест?