Легендарната Барби кукла го прослави својот 60-ти роденден и своето големо достигнување ќе го прослави со соработка со еден од најпознатите спортски брендови, Пума.

Спојувањето на спортстскиот бренд заедно со најпознатата кукла на светот роди една прекрасно спортско-модно издание, колекција на патики наречена “Нова x Барби”.

Моделите во колекцијата се инспирирани од 90-ти години од минатиот век, а зачинети се со пастелни дизајни и логото на брендот во ретро верзија, но и колоритни комбинации како црн тон и розевата боја што е е потписен знак на Барби куклата.

Колекцијата исто така вклучува и избор на спортска облека во женствениот стил на Барби и во својот асортиман вклучува јакни, маици, хеланки, шорцеви, ранци и слично.

Новата колекција на Пума во соработка со Барби е достапна на официјалната страна на брендот, puma.com, во неговите продавници и специјално избраните модни трговски куќи.

Еве како изгледа волшебната колекција: