Работењето во канцеларија, долгото седење пред телевизорот, постојаното висење или користење на паметните телефони, комбинирано со нездрава храна, се честите причинители за различни заболувања.

Но, најчесто и најнепријатно чувство е појавата на остеохондроза т.е фамилијата ортопедски болести кои се развиваав при зглобовите, кај децата и возрасните, а се честа и брзорастечка појава и кај животните.

Овие ортопедски болести се карактеризираат со прекинување на дотокот на крвта во коските, особено во епифизата, односно надмозочната жлезда, која го попречува и изместува растењето на коските.

Од сите овие болесити, најнепријатна е остеохондрозата на вратните прешлени. Болките во вратот, пропратени со чувство на гадење, често се мешаат со обичниот замор.

За лекување на остехондрозата, најефективниот метод е куративната, односно лековита гимнастика, која помага во стабилизирањето и нормализирањето на крвната состојба при вратните прешлени, при што ги враќа во нивната првобитна положба.

За извонредниот ефект на овој вид на вежби, најдобро знае истакнатиот лекар Д-р Бутримов, кој овој вид на лековита гимнастика ја развива повеќе од 30 години.

Гимнастика за ослободување од цервикална (вратна) остеохондроза

Со болката предизвикана од оваа здравствена состојба се соочуваат илјданици луѓе секојдневно, но поради причината што тоа го препишуваат на заморот, болката често ја игнорираат, наместо да обратат повеќе внимание.

Остеохондрозата на вратните прешлени, е процес на постепено разрушување на ‘рскавичното ткиво меѓу прешлените и дисковите во вратниот дел.

И кога луѓето доаѓаат во ситуација да се соочат со силна болка, кога имаат потешкотии при обично свртување на главата, процесот на лечење станува долг и тежок. Бидејќи при остеохондрозата, се пристиска ‘рбетниот мозок, преку кој се доставува храна за малиот мозок и задните делови од овој најважен човечки орган.

Како резултат на тоа, секојдневието на човекот се нарушува, се губи рамнотежа, се влошува видот и слухот, што може да доведе и до удар, при што, затоа е потребно веднаш да се консулитрате со лекар, доколку почувствувате ваква болка.

Гимнастиката што ја препорачува реномираниот лекар Буртимов е многу лесна за практикување и за решавање на бројни проблеми со ‘рбетниот столб, а во видеото подолу самиот тој покажува како да ја направите истата.

Сè што треба да направите е внимателно да ги следите неговите движења: