Месото и компирите се безвременска класична комбинација со која никогаш нема да погрешите, со оглед на тоа што е омилена на речиси секој од нас.

За таа цел, за денес ви подготвивме 2 уникатни рецепта, кои се малку различни од вообичаените познати јадења, а кои ја прават оваа традиционална комбинација уште поневеројатно вкусна!

1. Ѓувеч од компири и месо

Потребни состојки

  • 400 гр сомелено свинско месо
  • 1 кг компири
  • 3 јајца
  • 1 кромид
  • 300 мл кисело млеко или кисела павлака
  • Магдонос
  • Сол и мелен црн пипер

Начин на подготовка

Излупете и исечете ги компирите на тенки кругови, а потоа додадете сол и мелен црн пипер. Измешајте го месото со кромидот, а потоа додадете ги и останатите зачини. Поставете половина од компирите во сад за печење, потоа додадете го и месото, а одозгора наредете ги преостанатите компири. Измешајте ги јајцата со киселото млеко и додадете го магдоносот и зачините. Полејте го ѓувечот со добиената смеса и поставете го садот во претходно загреана рерна на 180°C и печете 90 минути.

2. Царски печен специјалитет

Потребни состојки

  • 1 кг компири
  • 400 гр пилешко месо
  • 2 глави кромид
  • 3 супени лажици сончогледово масло
  • 200 гр кашкавал
  • Сол и мелен црн пипер
  • Малку мајонез

Начин на подготовка

Пилешкото месо се обработува со специјален кулинарски чук, а потоа се одозгоре се посолува со сол и мелен црн пипер.

Исечете го кромидот на тенки прстени, а компирите излупете ги и исечете ги на мали парчиња.

Премачкајте го садот или тавата со маслото за готвење и на дното поставете половина од компирите. Посолете ги малку, а потоа одзгора поставете го месото и кромидот, а на крај врз специјалитетот нанесете го ренданиот кашкавал. Премачкајте го садот со малку мајонез и печете на температура од 200°C, во времетраење од 1 час.